Моторни возила со најмалку четири тркала кои се наменети за превоз на патници
- Категорија M1: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу осум седишта.
- Категорија M2: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса не надминува 5.000 kg.
- Категорија M3: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса надминува 5.000 kg.
Возилата од категориите М2 и М3 припаѓаат во:
- една или повеќе од трите класи (Класа I, Класа II, Класа III) во согласност со Регулативите бр. 36 и 107;
- едната или во двете класи (Класа А, Класа В) во согласност со Регулативата бр. 52.
- Класа I: Возила конструирани со простор за стоење на патници, во кои е овозможено нивно непречено движење.
- Класа II: Возила конструирани за превоз првенствено на патници кои седат и дизајнирани да обезбедат стоење на патници на патеката за поминување и/или на површина која не го надминува просторот предвиден за две дупли седишта.
- Класа III: Возила конструирани исклучително за превоз на патници кои седат.
Класа А: Возила конструирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа имаат седишта и може да имаат подготовка за превоз на патници кои стојат.
Класа В: Возила кои не се дизајнирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа немаат подготовка за превоз на патници кои стојат.
Забелешка за категорија М :
Во случај на влечно возило кое е наменето за влечење на полуприколка, за најголема маса на возилото се зема масата на влечното возило (во состојба кога е спремно за возење) зголемена за најголемата маса која му се пренесува од полуприколката и за најголемата маса на баластот – товарот на влечното возило (ако тоа е предвидено). Опремата и инсталациите, монтирани на некои специјални возила, кои не се наменети за превоз на патници (автодигалки, подвижни работилници, продавници, се сметаат како товар во смисла на класификацијата на возилата).