Приватното здравствено осигурување

Потребата за повисок стандард на здравствени услуги ја наметнува и потребата за осигурување кое што ќе опфаќа широко поле на здравствените  услуги, во кое што ќе бидат достапни специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигурениците и отвара широка понуда на пакети на здравствени услуги.

Корисник на ваков вид осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување. Лицата помлади од 18 години, можат да се осигурат на иста полиса со родителот.

Осигурувањето може да се склучи во индивидуална форма, или како семеен пакет, а годишната премија за ова осигурување зависи од возраста на осигурениците.