• За нас
  • Услуги
    • Меѓународна возачка дозвола
    • Полномоштво
    • Пријава / одјава на моторно возило
    • Пробни регистарски таблици
  • Регистрација на возила
    • Редовен технички преглед
    • Вонреден технички преглед
  • Полигон
    • Подружница и испитно место на ИСТОК ВОЗАЧ ДОО за полагање за возачка дозвола
  • Осигурителни услуги
    • Полиси од сите осигурителни компании
    • Автоодговорност
    • Зелен картон
    • Здравствено осигурување
    • Каско осигурување
  • Сервис
    • Балансирање на пневматици
    • Промена на пневматици
    • Промена на моторно масло
  • А-ТЕСТ на возила
    • Хомологација
    • Техничко-експлоатациони услови
    • А-ТЕСТ на клима фолии
    • А-ТЕСТ на плински уреди
    • А – ТЕСТ на возила со кука
  • Шалтер на МВР
  • Контакт

ДВИЖЕЊЕ … БЕЗБЕДНОСТ … ТРАДИЦИЈА …

Работно време :
Пон – Пет 08 – 16 часот
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343
close-up-driving-in-a-car-copy-808x455
January 13, 2021

Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

January 13, 2021 Новости techko не користете мобилен телефон, не управувајте моторно возило под дејство на алкохол, ограничување на брзината, регистрирање на возило, сообраќајните правила и прописи

Според статистиката во светот околу 1,25 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа е така затоа што некои од возачите не го почитуваат сообрачајните правила и прописи. Тие се дадени за да се почитуваат за да се зголеми нивото на претпазливост на патиштата.

Секое непочитување на правилата претставува акт на непочитување на човечкиот живот и моралните вредности. Покрај тоа што незгодите може да предизвикаат незгоди, може да доведат и до материјални загуби.

Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

Честопати, возачите не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на крај завршуваат со последици.

Брзината не е мерило за тоа колку сте спремни како возач, туку е мерило за вашето совесно возење на патиштата. Брзината претставува еден од најглавните фактори за вашата и безбедноста на другите.

Според последните анализи, 86% од возачите барем еднаш ги прекршиле сообраќајните правила и прописи за брзо возење. Според тоа, Здружение на возачи – Кочани ве советува да возите внимателно за да:

  • не ја загрозувате безбедноста
  • не ви биде одземена возачката дозвола
  • избегнете голема потрошувачка на гориво
  • избегнете парична казна или несреќа

Не управувајте моторно возило под дејство на алкохол

Алкохолот претставува уште еден голем ризик за сообраќајна незгода. Според статистиките во државава, скоро 6000 завршуваат со повреди во несреќи предизвикани под дејство на алкохол, а околу 155 го губат животот секоја година.

Поради ваквите анализи, Министерството за внатрешни работи секоја година ја зајакнува листата на закони кои се однесуваат на сообраќајните правила и прописи, како и санкциите кои следуваат.

Сепак, тие се дадени за да се почитуваат и да направат од вас одговорен и примерен возач. 

Прилагодете ја брзината кон условите на патот

Брзината се смета за грешки кои може да завршат со фатални последици. Секој возач не смее да вози со брзина поголема од дозволената, бројките стојат таму со причина. Подетално, на автопат не смее да се вози со повеќе од 130 км/ч, во спротивно следува парична казна од 400 евра во противденарска вредност и 65 поени од возачката дозвола.

Понатаму, во населено место, возачот не смее да вози со поголема брзина од 30-50 км/ч, во спротивно, следува парична казна од 45 евра во противденарска вредност со одземени 12 поени од возачката дозвола. На крај, не смее да се вози повеќе од 90 км/ч на останатите патишта.

Додека го управувате возилото не користете мобилен телефон

Кога управувате со возило, многу е важно да немате никакви дистракции што ќе ви го одзмат вниманието од патот.

Дури и најмалата невнимателност, може да сноси последици за вас или за останатите учесници во сообраќајот. За да да патувате безбедно, треба да бидете целосно фокусирани на патот.

почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

Користењете на мобилен телефон за време на возењето е неодговорен чин и потценување на опасноста и ризиците. Сообраќајните правила и прописи се дадени и пропишани со причина.

Доколку не се почитува ова правило, следува казна од 40 евра или одземање на 25 поени од возачката дозвола за разговарање или пишување на мобилен телефон.

ВОЗЕТЕ ТЕХНИЧКИ ИСПРАВНО ВОЗИЛО

Исто како и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, знаци, времето на регистрирање на возило итн, технички преглед на моторни возила е потребен за да се зголеми сигурноста во текот на возењето. Ова е важно затоа што возилата се едни од најголемите фактори за безбедност во сообраќајот.

Понатаму, технички неисправните возила се едни од најголемите причини за сообраќајни незгоди. Според ова, техничкиот преглед на моторни возила не е само потребен, туку е задолжителен. Се врши кај сертифицирана станица за технички преглед, каде професионалците ве упатуваат во детали.

ЗАКЛУЧОК

Безбедноста е заедничка дадена одговорност на секој учесник во сообраќајот.

Секој поединец има обврска да ги почитува сообраќајните правила и прописи за да придонесе во безбедноста на патиштата. Бидете еден од нив и возете внимателно.

Како да препознете квалитетна станица за технички преглед

Слични објави

8906067163060633600_n

Новости

Како да препознете квалитетна станица за технички преглед

технички-исправно-возило

Новости

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

car-sunset-blog-1240x7000dpi72

Новости

Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил

Неодамнешни објави

  • close-up-driving-in-a-car-copy-808x455Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
  • 8906067163060633600_nКако да препознете квалитетна станица за технички преглед
  • технички-исправно-возилоСРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ
  • car-sunset-blog-1240x7000dpi72Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил
  • zima2019Задолжително поседување на зимска опрема

Следете нѐ на

  • Facebook
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343

Следете нѐ

© 2020 Здружение на возачи, Кочани. Сите права се задржани.