Меѓународна возачка дозвола

На возачот кому му е издадена возачка дозвола на Република Македонија за управување со моторно возило, по негово барање може да му се издаде и меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола се издава со рок на важност од три години од денот на нејзиното издавање односно со рок на важност до денот на важење на возачката дозвола, доколку истекот на нејзината важност е помалку од три години.

Меѓународните возачки дозволи ги издава правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи.

Меѓународна возачка дозвола не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна односно прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната. Исто така меѓународната возачка дозвола издадена во Република Македонија, не може да се користи за управување со моторни возила на територијата на Република Македонија.

Потребни документи за издавање на меѓународна возачка дозвола :
  • Барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола;
  • важечка лична карта;
  • важечка возачка дозвола;
  • две фотографии 45x35mm;
  • потврда од Министертвото за внатрешни работи за прекшочнаа санкција забрана за управување со моторно возило;
  • доказ за извршена уплата.

Покрај меѓународната возачка дозвола доколку патувате со моторно возило надвор од нашата граница исто така ви е потребно и зелена карта.

Стапи во контакт со нас