Промена на моторно масло
Моторните масла се од витално значење за долговечноста на механичките делови, првенствено за моторот на возилото.
– Примарната функција на моторните масла
Примарна функција на маслото е да го олесни лизгањето на една површина со друга, односно да се намали триењето. Со намалување на триењето, се намалува абењето на деловите од моторот и се заштедува енергија. Абењетоa е најизразено при ладниот старт на моторот односно при првото палење, т.е. пред да стигне маслото во виталните делови од моторот. При загревање, моторното масло не треба да стане премногу “ретко”, бидејќи слојот на маслото треба да има доволна дебелина за добро подмачкување.Високо квалитетното моторно масло го намалува абењето на деловите така што спречува контакт помеѓу лизгачките површини.
– Што значи вискозитет?
Вискозитет е научен термин кој опишува отпорност на проток на течност. Течноста со низок вискозитет лесно протекува и често се нарекува „ретка“. Течноста со повисок вискозитет е леплива и тешко се прелива. Маслото има повисок вискозитет од водата, но има помала густина и плива во вода. Друштвото на автомобилски инженери SAE ги поставува стандардите со кои се опишува вискозитетот на моторните масла. Врз основа на овие стандарди, маслата се класифицираат според степенот на вискозност и тоа директно влијае на апликацијата на моторните масла. Маслата означени со “W” (зима – зимски) се нарекуваат моновискозни масла за зимски услови (на пр SAE 5W, 10W, 15W …). Меѓу другото, според стандардите на моторните масла се утврдуваат својствата при ниски и високи температури, со што се овозможува безбедноста при стартување на моторот, брзото подмачкување и својствата при нивната целосна експлоатација. Моторните масла без “W” (на пример, SAE 10, SAE 20, SAE 30, SAE 40 …) се моновискозни масла за летни услови, со потребните својства за употреба при такви климатски услови. Со комбинирање на карактеристиките на овие два вида на масла (зимски и летни) се добиени мултивискозни масла кои се користат во различни временски услови (на пример, SAE 5W-40, 10W-40, 15W-40 …)
– Минeрални, синтетички и полу-синтетички моторни масла
Основата на моторните масла се базните масла. На базните масла им се додаваат адитиви со цел тие да се усогласат со барањата во поглед на перформансите на маслата (продолжен интервал на замена, квалитетот и еколошките стандарди …). Значи, моторното масло се состои од базно масло и адитиви. Во зависност од употребата на базните масла во моторните масла, тие се делат на минерални, синтетички и полу-синтетички (мешавина на првите две) моторни масла. – Минерални масла Базните масла во минерални моторните масла потекнуваат главно од нафта, од чија преработка во рафинериите се добива базното масло. Минералното моторно масло се користи со постарите типови на мотори. – Синтетички масла Синтетичките моторни масла во основа имаат базни масла кои се направени на хемиски начин во лабораториите. Ова се се прави бидејќи минералното масло не може да ги задоволи сите барања на моторите од новата генерација. Употребата на синтетичките масла е неопходна кај моторите со современа конструкција, особено кај оние со турбо компресори. За разлика од минералните, овозможуваат подолги периоди на замена, подобра заштита на моторот, трпат поголеми термички оптеретувања, содржат повеќе адитиви за чистење на моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво.
– Полусинтетички масла
Полу-синтетичките моторни масла како базно масло користат мешавина на минерални и синтетички масла. Приближно можеме да кажеме дека се користат во моторите кои имаат катализатор.
Основното за сите филтри е нивната функција за пречистување. Тие се поделени во неколку групи и тоа:
- филтери за масло
- филтери за воздух
- филтери за гориво
- филтери за хидраулика
- филтери за клима / кабина
- филтери за средство за ладење