Каско осигурување
Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата.
Каско осигурувањето се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.
ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ:
- потполно каско без вклучен ризик кражба,
- потполно каско со вклучен ризик кражба,
- каско-осигурување без франшиза,
- каско-осигурување со франшиза од 100, 200, 300, 400 и 500 евра.
Во зависност од видот на пакетот којшто ќе го изберете, можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување од следните ризици:
- Сообраќајна незгода
- Пожар, удар на гром, експлозија
- Временски непогоди (луња, град, снежна лавина)
- Кражба, противправно одземање и разбојништво
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Злонамерни постапки
- Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
- Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
- Пад или удар на некој предмет врз возилото
- Манифестации и демонстрации
- Паѓање на воздушни летала
- Поплава, порој и восоки води
- Земјотрес