Полиса за осигурување на моторно возило
Со оваа полиса е осигурена вашата одговорност за штетите што со своето возило може да ги направите на „трети лица“, односно на други учесници во сообраќајот. Сите материјални и нематеријални штети кои се последица на сообраќајната незгода нема да претставуваат Ваша обврска, туку обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале Вашата полиса.
Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило незгодата како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообракајната незгода.
Покрај основното осигурување можете да направите и осигурување за возачот и патниците за последиците од незгодата:
- Траен инвалидитет
- Смрт од несреќен случај
Во осигурувањето можете да ги вклучите и стаклата на возилото по Условите за комбинирано осигурување на моторни возила. Оваа полиса се обновува еднаш годишно.
Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, и кога двата учесника (возачи) се согласни за начинот на склучување на сообраќајната незгода, тогаш се пополнува Европски Извештај (Упатство за употреба).
Во останати случаи треба задолжително да се повика екипа од МВР.
Доколку сакате да добиете пресметка колку чини Вашата полиса за автоодговорност : полиса+.