Редовен технички преглед
Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед, Здружение на возачи – Кочани ќе се утврди дека се исправни.
Редовен технички преглед
Возила што се вклучени во сообраќајот на патиштата, со исклучок на мотокултиватори и работни машини, задолжително се прегледуваат на првиот и на периодичните технички прегледи.
- ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
- 1. Идентификација на возилото
- 2. Преглед на погонскиот мотор на возилото
- 3. Преглед на возната постројка и каросеријата односно самоносечката конструкција
- 4. Преглед на погонските уреди
- 5. Преглед на уредот за управување
- 6. Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило
- 7. Преглед на тркалата и пневматиците
- 8. Проверка на геометријата на управувачкиот механизам - наклон, затур и насоченост на тркалата
- 9. Проверка на амортизерите кај возилата - уред за суспензија кај возилата
- 10. Преглед на уредот за сопирање
- 11. Уред за одвод и испуштање на согорените гасови
- 12. Преглед на светлосните и светлосно - сигналните уреди
- 13. Преглед на контролните и сигналните уреди
- 14. Преглед на уредот за давање на звучни сигнали
- 15. Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост
- 16. Останати уреди и опрема
Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено, од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото.
Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата.
Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно возило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).
Постапката за вршење на технички преглед се одвива во следниве фази утврдени со Правилникот за вршење на технички преглед на моторни и приклучни возила, трактори и земјоделски трактори.