Зелен картон за патување
во странство
Покрај меѓународната возачка дозвола доколку патувате со моторно возило надвор од нашата граница исто така ви е потребно и зелена карта.
Зелената карта е проширување на територијалното покритие на осигурувањето од автоодговорност.Истата е задолжителна доколку планирате да патувате во странство со вашето моторно возило и ги покрива штетите што сo употрeба на моторното возило ќе бидат причинети на трети лица. Зелена карта или Меѓународен сертификат за осигурување на моторни возила го гарантира осигурителното покритие кога патувате во земји членки на системот на зелена Карта во согласност со законодавството и минималните лимити на осигурително покритие во земјата на сообраќајната незгода.
Валидна зелената карта е онаа која има задолжителна форма и содржина и се издава со авторизација на Националното Биро за осигурување на Македонија врз основа на Препорака бр.5 од Европската комисија и U.N. Road Transportation Commission.
Зелената карта се издава врз основа и во период на валидност на полисата за задолжително осигурување од автоодговорност. Доколку планирате да управувате со возило кое не гласи на ваше име потребна ви е и дозвола за управување на туѓо моторно возило.
Одобрението за управување на туѓо моторно возило е меѓународен документ кој е неопходен за патување надвор од граництие на Македонија, доколку државјанинот на Република Македонија треба да патува со возило кое не гласи на негово име, односно, кога сопственикот на возилото не патува во возилото. Дозволата за управување на туѓо моторно возило се издава само на државјани на Република Македонија, што значи дека доколку корисникот нема валиден македонски пасош, нему не може во ниеден случај и по ниеден услов да му биде издаден овој документ.
Одобрението за управување на туѓо моторно возило се издава со важност од една година од денот на издавањето. При тоа овој документ може да се издаде со важност помала од една година, доколку сопственикот на возилото изрази таква желба.
Потребни документи :
- Барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство;
- Важечка лична карта на сопственикот на возилото;
- Овластување од правното лице;
- Важечка патна исправа на корисникот (лична карта/пасош број);
- Регистарски таблици на возилото;
- Марка и тип на возилото;
- Сериски број на сообраќајната дозвола;
- Датум на издавање;
- Период на важење;
- Сериски број на одобрението;