Корисни совети
Само како потсетување за она што понекогаш треба да го проверите на автомобилот. Некои од овие проверки можете да ги направите сами, а за некои е најдобро да одите во овластен сервис.
- дали вентилите се подесени (на секои 5.000 до 15.000 поминати километри, во зависност од автомобилот);
- растојанието меѓу електродите на свеќичките (на секои 5.000 километри);
- растојанието меѓу платинските копчиња (на 1.000 километри по секоја замена на платинските копчиња);
- исправноста на сијаличките и светлосните уреди на возилото;
- подесеноста на односот на смешата воздух-гориво во карбураторот;
- нивото на масло во моторот (никогаш над ознаката „максимум”) при долевањето да се биде стрплив и да се почека маслото да слегне, а секогаш да е меѓу двете црти;
- нивото на течноста за сопирачки;
- разводната капа (и од внатрешната страна) секои 10.000 километри;
- нивото на електролитот во акумулаторот, почесто преку лето. Дестилирана вода долевајте само еден сантиметар над врвот на плочите;
- приклучоците („клемите”) на акумулаторот;
- нивото на маслото во менувачот;
- исправноста на филтерот за воздух;
- затегнатоста на клинестиот ремен кој ги движи вентилаторот, пумпата за вода и алтернаторот или динамото (со притиснување на прст треба ременот да се свиткува најмногу за два сантиметра);
- проверка на издувниот систем, малите дупчиња на издувната грана, моноксидот да навлезе во кабината;
- дејството на ножната и на рачната сопирачка (равномерно дејствување на сопирачките на сите четири тркала).
- исправноста на системот за ладење на моторот;