Каско осигурување

Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата.

Каско осигурувањето се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ:
  • потполно каско без вклучен ризик кражба,
  • потполно каско со вклучен ризик кражба,
  • каско-осигурување без франшиза,
  • каско-осигурување со франшиза од 100, 200, 300, 400 и 500 евра.

Во зависност од видот на пакетот којшто ќе го изберете, можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување од следните ризици:

  • Сообраќајна незгода
  • Пожар, удар на гром, експлозија
  • Временски непогоди (луња,  град, снежна лавина)
  • Кражба, противправно одземање и разбојништво
  • Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
  • Злонамерни постапки
  • Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
  • Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
  • Пад или удар на некој предмет врз возилото
  • Манифестации и демонстрации
  • Паѓање на воздушни летала
  • Поплава, порој и восоки води
  • Земјотрес