• За нас
  • Услуги
    • Меѓународна возачка дозвола
    • Полномоштво
    • Пријава / одјава на моторно возило
    • Пробни регистарски таблици
  • Регистрација на возила
    • Редовен технички преглед
    • Вонреден технички преглед
  • Полигон
    • Подружница и испитно место на ИСТОК ВОЗАЧ ДОО за полагање за возачка дозвола
  • Осигурителни услуги
    • Полиси од сите осигурителни компании
    • Автоодговорност
    • Зелен картон
    • Здравствено осигурување
    • Каско осигурување
  • Сервис
    • Балансирање на пневматици
    • Промена на пневматици
    • Промена на моторно масло
  • А-ТЕСТ на возила
    • Хомологација
    • Техничко-експлоатациони услови
    • А-ТЕСТ на клима фолии
    • А-ТЕСТ на плински уреди
    • А – ТЕСТ на возила со кука
  • Шалтер на МВР
  • Контакт

ДВИЖЕЊЕ … БЕЗБЕДНОСТ … ТРАДИЦИЈА …

Работно време :
Пон – Пет 08 – 16 часот
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343
zima2019
November 15, 2020

Задолжително поседување на зимска опрема

November 15, 2020 Новости techko

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март треба задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата,во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Придржувањето кон законската обврска за поседување на зимска опрема овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Превземено од: https://mvr.gov.mk/vest/10503

Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил

Слични објави

close-up-driving-in-a-car-copy-808x455

Новости

Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

8906067163060633600_n

Новости

Како да препознете квалитетна станица за технички преглед

технички-исправно-возило

Новости

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

Неодамнешни објави

  • close-up-driving-in-a-car-copy-808x455Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
  • 8906067163060633600_nКако да препознете квалитетна станица за технички преглед
  • технички-исправно-возилоСРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ
  • car-sunset-blog-1240x7000dpi72Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил
  • zima2019Задолжително поседување на зимска опрема

Следете нѐ на

  • Facebook
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343

Следете нѐ

© 2020 Здружение на возачи, Кочани. Сите права се задржани.