• За нас
  • Услуги
    • Меѓународна возачка дозвола
    • Полномоштво
    • Пријава / одјава на моторно возило
    • Пробни регистарски таблици
  • Регистрација на возила
    • Редовен технички преглед
    • Вонреден технички преглед
  • Полигон
    • Подружница и испитно место на ИСТОК ВОЗАЧ ДОО за полагање за возачка дозвола
  • Осигурителни услуги
    • Полиси од сите осигурителни компании
    • Автоодговорност
    • Зелен картон
    • Здравствено осигурување
    • Каско осигурување
  • Сервис
    • Балансирање на пневматици
    • Промена на пневматици
    • Промена на моторно масло
  • А-ТЕСТ на возила
    • Хомологација
    • Техничко-експлоатациони услови
    • А-ТЕСТ на клима фолии
    • А-ТЕСТ на плински уреди
    • А – ТЕСТ на возила со кука
  • Шалтер на МВР
  • Контакт

ДВИЖЕЊЕ … БЕЗБЕДНОСТ … ТРАДИЦИЈА …

Работно време :
Пон – Пет 08 – 16 часот
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343
car-sunset-blog-1240x7000dpi72
November 20, 2020

Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил

November 20, 2020 Новости techko А-Тест, автомобилите треба да бидат технички исправни, Безбедно и сигурно патување, Правилник за задолжителна опрема, превентивен технички преглед на возилото, Регистрација на возилото, сертифицирана станица, фактор за безбедност во сообраќај

Според Законот за возила, Министерството за внатрешни работи донесува одредени правила и прописи за моторните возила. Учесниците во сообраќајот се должни да ги почитуваат тие закони и да се придржуваат до истите поради исправност на возилото, безбедност на возачите и за безбедно учество во сообраќајот.

Согласно законот за возила, автомобилите треба да бидат технички исправни и да поседуваат задолжителна опрема . Без разлика дали се упатувате кон пократка или подолга дестинација, возилата секогаш треба да бидат комплетно опремени.

Зошто е битно да поседувате комплетна опрема

Главната причина поради која се донесуваат законите и условите во државата е безбедноста и заштитата на патиштата. Со тоа, треба да се зголеми одговорноста на секој учесник во сообраќајот за да се намали појавата на незгоди и патиштата да станат посигурни.

Како фактор за безбедност во сообраќајот, возилото треба да има исправни системи, составни делови, самостојни технички единици и задолжителна опрема. Сите овие сегменти кои се составен дел на возилото треба редовно да бидат проверувани и одржувани.     

Листа на задолжителна опрема

Листата на задолжителна опрема се менува на неколку години според закон. Барањата се различни за стандардната и зимската опрема, а тука ќе ги наброиме тие што влегуваат во задолжителната (стандардната).

Задолжителна опрема 1

Според Правилникот за задолжителна опрема на возилото за безбедно учество во сообраќајот, потребна е следнава опрема:

  • Резервно тркало
  • Противпожарен апарат од два килограма со прашок АБЦ
  • Сигурносен рефлектирачки триаголник (знак за означување запрено возило)
  • Опрема за прва помош
  • Зимска опрема
  • Резервни сијалици (освен ако возилото има нови ксенон, неон или лед светла)
  • Сигурносен флуоресцентен елек
  • Дигалка за кола
  • Опрема за влечење (јаже, сајла или телескопски лост)
  • Сигурносен појас
  • Две клинести подлошки

Со поседување и употреба на задолжителната опрема се зголемува безбедноста

Кога управувате со возило, најчесто треба да внимавате со која брзина управувате и каде, да внимавате на сообраќајните знаци итн. Тоа влегува според прописите и правилата за учество во сообраќајот. Доколку сте совесен и примерен возач, треба да ги почитувате и правилата за поседување задолжителна опрема.

Задолжителна опрема 3

Секој сегмент што влегува во безбедноста на сообраќајот треба еднакво да се почитува. Тие се со иста важност за безбедно и сигурно патување. Така, и опремата е еден вид припрема за итни случаи и можност за спречување на незгоди.

Покрај поседување на задолжителна опрема редовно проверувајте ја исправноста на возилото

Иако поседувањето на задолжителна опрема има голема улога во безбедноста на сообраќајот, сепак возилото треба да биде комплетно исправно. За оваа цел, автомобилот се носи кај сертифицирана станица каде се врши технички преглед на возилото.

Исправноста на возилото не само што ја зголемува безбедноста ваша и на патиштата, туку со тоа можете да избегнете дополнителни трошоци како парични казни, поправки на возилото итн.

Покрај тоа, треба да се внимава и на другите сегменти кои се составен дел на исправноста на возилото и се одредени со закон. Тие се вршат на одреден временски период и најчесто го вклучуваат следново:

  • Регистрација на возилото
  • Хомологација
  • А-тест

ЗАКЛУЧОК

Кога станува збор за задолжителна опрема на возило, зимска опрема, или други прописи и закони, треба да се почитуваат.

Колку поголем е бројот на совесни возачи, толку побезбедни ќе бидат патиштата на Р.Македонија. Бидете дел од нив и бидете пример за останатите!

Задолжително поседување на зимска опрема СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

Слични објави

close-up-driving-in-a-car-copy-808x455

Новости

Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

8906067163060633600_n

Новости

Како да препознете квалитетна станица за технички преглед

технички-исправно-возило

Новости

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

Неодамнешни објави

  • close-up-driving-in-a-car-copy-808x455Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
  • 8906067163060633600_nКако да препознете квалитетна станица за технички преглед
  • технички-исправно-возилоСРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ
  • car-sunset-blog-1240x7000dpi72Задолжителна опрема која треба да ја поседувате во својот автомобил
  • zima2019Задолжително поседување на зимска опрема

Следете нѐ на

  • Facebook
Теодосија Паунов бр.111,
Кочани, Р.С. Македонија
+389 33 271 323
+389 70 272 343

Следете нѐ

© 2020 Здружение на возачи, Кочани. Сите права се задржани.