Технички лексикон

ПОИМИ И ОЗНАКИ НА ОПРЕМА ВО АВТОМОБИЛИТЕ

ВАЅ е кратенка на Mercedes за Brems Assistent, елекtронски систем за зголемување на силата на кочење. Системот има способност да препознава панично кочење на возачот во случај на опасност и моментално интервенира со зголемување на кочната сила до максимум. Кај Alfa Romeo овој систем има кратенка НВА.

Bi-Litronic е ознака на производителот Bosch за ксенонски светла, кои работат на принципот на усвитување на гас помеѓу две вжарени електроди и имаат скоро трипати поголем светлосен флукс од халогените светла, т.е. многу се поефикасни. Нивниот век на работа е околу 8000 часа, односно би требало да траат во целиот период на користење на возилото.

Блокада на диференцијал е функционална карактеристика на механичкиот склоп кој служи за изедначување на пренесувањето на силината на погонските тркала. Доколку едно од тркалата има лош контакт со подлогата (т.е. се наоѓа на снег, мраз, кал, песок и сл.), блокадата треба да го спречи неговото провртување и со тоа да овозможи пренесување на силината преку тркалото кое има подобар контакт.

Blow-by е тенденција на гасот, за време на согорувањето во цилиндарот, да навлезе покрај клипот во просторот на коленестото вратило. Овој гас е штетен за маслото и затоа треба да се одведе со вентилирање на картерот во вцицната гранка на моторот за да се врати на повторно согорување.

Боксер мотори се мотори чии цилиндри се поставени под агол од 180° еден во однос на друг, односно клиповите се движат во хоризонтална рамнина. Со ваков распоред се добива значително урамнотежување во работата на моторот. Најпознати изведби на Боксер мотори се оние кај старата VW буба, Citroen 2СV(спачек), Porsche и Аlfa Romeo.

C или Оttinger Coupling е хидродинамичка спојка која најчесто се користи како хидрауличен претворач на вртежниот момент во комбинација со автоматските менувачи за “меко” пренесување на вртежниот момент од коленестото вратило, на кое е вградена центрифугална пумпа, и спојничкото вратило од менувачот на кое има турбина. Вртежниот момент се пренесува со помош на кинетичката енергија на маслото создадена по центрифугален пат, со што значително се намалува динамичкото оптоварување на преносниот механизам.

FРЅ (Fire Prevention System) е електронски систем за заштита од пожар во возилата кој за првпат го воведе производителот Alfa Romeo во 1993 година.

Дејството на системот се состои во прекин на доводот на струја на пумпата за напојување со гориво во случај на судир. Ова е неопходно кај возилата со системи за впрскување на гориво, кај кои кога при судир моторот ќе изгасне, а пумпата продолжува да работи и во случај на оштетување на цевките за гориво, доаѓа до негово излевање и опасност од пожар. Се состои од инерцијален прекинувач со топче, кое во случај на судир го прекинува струјниот круг.

FSI е кратенка за „Fire Stratified Injection”, систем на VW за директно впрскување на бензин во комората за согорување под висок притисок. Воведен во 1999 година како одговор на системот 001 на Mitsubishi од 1996 година, ги обединува сите предности над индиректното впрскување: поголема специфична моќност, поголема еластичност на низок број на вртежи, намалена потрошувачка, почисти издувни гасови. Сите предности се постигнати пред се со менување на составот на смесата во комората за согорување, како и со начинот на впрскување и постигнување на повратна турбуленција. Смесата од бензин и воздух при ниски и средни вртежи е далеку посиромашна од вообичаената: односот воздух/гориво се движи идо 30:1. Прскалката е поставена бочно помеѓу двете гранки (вцицна и издувна)под агол на впрскување од 70о и со помош на „носот” на клипот е овозможено вртежење на бензинот. Притисокот на впрскување е контролиран од централната единица и се движи до 100 bar при максимално оптоварување.

GDI (Gasoline Direct Injection) е комерцијален назив на Mitsubishi за системот за директно впрскување на бензин. Овој систем кај VW се нарекува Si, кај Peugeot HPi, а кај Renault IDE.

GРЅ „Global Positioning System”, е систем од 24 сателити NAVSTAR, сопственост на администрацијата на САД, кој континуирано орбитираат над земјата и постојано ја емитираат својата положба. Покрај другите намени за кои се користат, овие сателити служат и кај автомобилите за точно одредување на нивната положба на земјата, и преку споредување на податоците со снимените мапи кои се наоѓаат на СО – Кот во возилото, овозможена е прецизна сателитска навигација, која се повеќе се вградува кај современите возила, особено кај комерцијалните.

GTI “Grand Turismo Injection” е кратенка за спортски автомобил со бензински мотор со впрскување гориво. Првпат овој назив е употребен во 1976 година кај VW Golf GTi и оттогаш се користи како синоним за најспортската верзија од одделни модели скоро кај сите производители.

НВА е кратенка на Alfa Romeo за систем за асистенција при кочењето, идентичен со ВАЅ системот на Mercedes.

HDi “HighPressure Direct Injection” е назив што го користи групацијата РЅА за означување на системот за директно впрскување на дизел-гориво под висок.притисок со заедничка цевка, кој работи на ист принцип како и Mercedes-овиот систем CDI.

ХИБРИДЕН ПОГОН кај возилата значи опремување на возилото со два погонски агрегата, најчесто комбинација на мотор со внатрешно согорување (со погон на бензин или гас) и електромотор. Со оглед на заострувањето на еколошките норми, производителите се повеќе се свртуваат кон конструкција на вакви возила.

ЕНВ Elektro Hydraulisches Bremssystem е германски назив за електрохидрауличен систем на кочење за првпат применет оваа година кај Мерцедес Е – класа.

Претставува прв чекор кон воведување на системот brake-by-wire, кој ќе биде составен од јавачи на тркалата погонувани од електрични мотори поврзани со педалот само со жици. Кај ЕНВ, силата на педалот за кочење се претвора во електричен сигнал. Електронската централа ги пресметува силите на кочење на секое тркало и го активира хидрауличниот систем под висок притисок.

EMV е кратенка за електромагнетна носивост на електронските системи во возилото, односно отпорноста на влијание на силни електромагнетни полиња во близина.

EOBD или „European On Board Diagnostic” е задолжително вграден од 01.01.2001 година во новите возила со бензински мотори кои ги задоволуваат нормите за квалитет на издувните гасови EURO 3 и EURO 4 и се продаваат во земјите на Европската заедница. Уредот за дијагноза на системот за палење и вбризгување и ефикасноста на катализаторот постојано ја надгледува нивната работа и во случај на неисправност која може да доведе до зголемување на концентрацијата на штетните состојки во издувните гасови, ја сигнализира на возачот, но и на сообраќајната полиција. Уредот ќе биде задолжителен за возила со дизел мотори од почетокот на 2003 година.

EON (Enhanced Other Networks) е систем за електронско подобрување на приемот на сигналот кај авторадијата на Sony.

ЕЅА „Electronic Spark Advance” е систем за транзисторско бесконтактно палење со динамичко подесување на аголот на претпалење на Тоуо1а. Аголот на претпалење се менува во зависност од брзината на ротација на моторот и од неговото оптоварување.

ЕЅР (Electronic Stability Program) или ЕЅС е Воѕсh-ов систем за подобрување на динамичката стабилност и управливост на возилото. Со дејствување на кочницата на поедино тркало, го спречува занесувањето на возилото и го доведува во правилна траекторија. При пролизгување на задниот дел на возилото кон внатрешната страна на кривината, системот делува со прикочување на предното надворешно тркало и со тоа создава вртежен момент кој го поништува моментот кој делува на дестабилизација. Соодветно, при занесување на предниот дел кон надворешната страна на кривината, се прикочува задното внатрешно тркало и возилото се стабилизира.

ЕТС “Electronic Traction Control” е уред за спречување на пролизгувањето на погонските тркала при тргнување на лизгава подлога. Работи во спрега со АВЅ системот за кочење, кој го детектира и го прикочува тркалото што пролизгува и електронската централа за вбризгување која ја намалува моќноста на моторот при вклучување на системот. Особено е полезен кај возилата со поголема моќност и со погон на задните тркала.

EWS “Elektronische Wegfahrsperre” претставува систем за заштита од кражба кој работи на принцип на електромагнетни прекинувачи кои блокираат одредени системи на моторот и оневозможуваат негово стартување. Системот се деактивира само со помош на клуч кој во себе ја содржи вистинската од неколкуте милијарди комбинации на лектронскиот код.

DI означува директно впрскување (Direct Injection) како кај дизел, така и кај Otto моторите. Горивото се впрскува директно во цилиндарот, каде што се формира смесата.

ДИФЕРЕНЦИЈАЛ претставува механички уред кој го изедначува бројот на вртежите на двете тркала на иста погонска оска. Разликата се создава најмногу при движење на возилото во кривина, кога левото и десното тркало изминуваат различен пат.

DOHC е кратенка за „Double Overhead Camshaft” или две брегести оски во главата на моторот, конструкција која се употребува скоро задолжително кај моторите кои имаат повеќе од два вентили по цилиндар.

DRIVE-BY-WIRE е конструкција кај која врската помеѓу педалот за гас и пеперутката на е механичка (со сајла) туку електрична. На педалот и на пеперутката има по еден потенциометар, меѓусебно поврзани со електричен кабел, низ кој се пренесува сигналот за притискање на педалот од страна на возачот.

DSA или „Dynamic Safety” е Opel-ов систем за предно потпирање со надолжна еластичност. Имено, при кочење, предните тркала контролирано со повлекуваат наназад и се завртуваат навнатре, со што се постигнува неутрално однесување на возилото при кочење на мокра подлога, кога се јавува нерамномерност во контактот со подлогата.

Dual Drive е Fiat-ов систем за електрично засилување на силата на возачот што ја користи за вртење на управувачот. Можни се два начина на работа на системот: City – за возење во градски услови, кога засилувањето е максимално, и нормален – за возење надвор од град при брзини повисоки од 70 km/h кога не е потребно големо засилување, туку напротив, помалото засилување му дава на возачот подобро чувство при управувањето.

Dummy е кукла со човечки облик и димензии, опремена со бројни мерни инструменти, која се користи како возач или патник во возилата при вршење на Crash-test.

DVA е кратенка за Doppio Volano Ammortizzante, двоен амортизирачки замаец, елемент кој се наоѓа помегу коленестото вратило на моторот и спојката. За разлика од класичниот замаец, направен е од два дела меѓусебно поврзани со еластични елементи за неутрализирање на вибрациите од моторот кои би се пренеле на менувачот и во кабината.

Стапи во контакт со нас