ЕСЕ – регулативи

Категоризација

ECE регулативите претставуваат технички документи кои ги содржат усогласените технички карактеристики на возилата и нивната опрема, начинот на кој тие се испитуваат, како и процедурите за одобрување на возилата што ги исполнуваат овие регулативи.

Пропишан е и начинот на контрола на сообразноста на производството за одобрените возила, како и казните при несообразност на производството, вклучително и повлекување на одобрувањето. ECE регулативите претставуваат прилози на Спогодбата за прифаќање на еднообразни технички прописи за возила на тркала, опрема и делови кои можат да бидат вградени и/или употребени во возилото на тркала и условите за взаемно признавање на хомологациите доделени врз основа на тие прописи, усвоенa од страна на Економската комисија за Европа при Обединетите нации или таканаречен ECE систем.

Потписничка на оваа Спогодба е и Република Македонија од 17.11.1991 г.

Стапи во контакт со нас