Техничко-експлоатациони услови
Проверка на пропишаните техничко-експлоатациони услови за вршење на јавен превоз. Во станицата за технички преглед, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај вршиме испитувања и проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.
Потврдата за исполнување на посебните технички – експлоатациони услови е потребна за добивање на лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
- Моторни возила за јавен превоз на патници
- Патнички моторни возила за авто-такси превоз на патници
- Моторни и приклучни возила за јавен превоз на стока
- Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока
- Испитување на технички карактеристики
Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)
I. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во меѓумесниот и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
- Правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта;
- Исправен радиоапарат и разгласен уред заизвестување на патниците;
- корпи за отпадоци и средества за дезинфекција;
- исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 291є К;
- исправен уред за вентилација;
- завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита;
- пластични хигиенски кеси за потребите на патниците;
- простор за багаж од 0,15 м2 по секое седиште.
II. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот градски и пригратски сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
- правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди;
- исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 291є К;
- потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце;
- три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото;
- до излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез;
- средства за дезинфекција;
- доколку во возилото нема кондуктер треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите.
III. Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или пригратскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:
- да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десната страна;
- разгласен уред за известување на патниците;
- исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291є К и
- исправен уред за вентилација.