Регистрација на возила
Управниот дел на сообраќајот спаѓа во делокругот на работата на Одделението за сообраќај. Помеѓу останатото, Одделението за сообраќај ги решава поднесените барања од областа на регистрација на возилата и издавањето на возачките дозволи. Во тие рамки, потребно е да се знае дека при регистрација на возило или издавање на возачка дозвола се поднесуваат одредени писмени докази со кои се докажува исполнетоста на условите пропишани со прописите. Пооделно, во секоја од постапките, потребно е да се поднесат следните писмени докази:
Видови на возила
- ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА
- ТОВАРНИ ВОЗИЛА
- СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
- АВТОБУСИ
- ВОЗИЛА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ
- ВОЗИЛА СО ПРОМЕНЕТИ УРЕДИ
- Барање за регистрација (се изготвува во ЗВВ)
- Фактура за купопродажба
- Царинска потврда (доколку е увезено), подмирени такси и други давачки пропишани со закон
- Хомологација (ЗВВ)
- Доказ за техничка исправност на возилото (ЗВВ) – не постар од 30 дена
- Лична карта и присуство на сопственикот (физ. лица)
- Полномошно од фирма за овластено лице (правни лица)
ПРОДОЛЖУВАЊЕ
- Барање за регистрација (се изготвува во ЗВВ)
- Сообраќајна дозвола
- Доказ за техничка исправност на возилото (ЗВВ) – не постар од 30 дена
- Лична карта и присуство на сопственикот (физ. лица)
- Полномошно од фирма за овластено лице (правни лица)
Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои меѓународниот код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа код. (на пример: KO 1234 AA).