Зелен картон

При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да обезбедите Зелен Картон, кој, всушност е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји.

Тој е исто така задолжителен тип на осигурување, и гаранција дека во случај на штетен настан предизвикан со Вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, штетата во Ваше име ќе ја надомести осигурителната компанија.

    Тука спаѓаат:

  • материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
  • нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.

Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за авто-одговорност. Односно, со истекот на полисата на авто-одговорност автоматски престанува и важноста на Зелената карта.

Премијата (цената на осигурување) на полисата за Зелен Картон зависи од силината на моторот кај патничките возила, додека кај товарните возила премијата е фиксна.

Возило Цена
Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден.
Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден.
Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.
Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.
Влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
Товарни возила и автобуси 17.222 ден.