Корисни совети

Само како потсетување за она што понекогаш треба да го проверите на автомобилот. Некои од овие проверки можете да ги направите сами, а за некои е најдобро да одите во овластен сервис.

  • дали вентилите се подесени (на секои 5.000 до 15.000 поминати километри, во зависност од автомобилот);
  • растојанието меѓу електродите на свеќичките (на секои 5.000 километри);
  • растојанието меѓу платинските копчиња (на 1.000 километри по секоја замена на платинските копчиња);
  • исправноста на сијаличките и светлосните уреди на возилото;
  • подесеноста на односот на смешата воздух-гориво во карбураторот;
  • нивото на масло во моторот (никогаш над ознаката „максимум”) при долевањето да се биде стрплив и да се почека маслото да слегне, а секогаш да е меѓу двете црти;
  • нивото на течноста за сопирачки;
  • разводната капа (и од внатрешната страна) секои 10.000 километри;
  • нивото на електролитот во акумулаторот, почесто преку лето. Дестилирана вода долевајте само еден сантиметар над врвот на плочите;
  • приклучоците („клемите”) на акумулаторот;
  • нивото на маслото во менувачот;
  • исправноста на филтерот за воздух;
  • затегнатоста на клинестиот ремен кој ги движи вентилаторот, пумпата за вода и алтернаторот или динамото (со притиснување на прст треба ременот да се свиткува најмногу за два сантиметра);
  • проверка на издувниот систем, малите дупчиња на издувната грана, моноксидот да навлезе во кабината;
  • дејството на ножната и на рачната сопирачка (равномерно дејствување на сопирачките на сите четири тркала).
  • исправноста на системот за ладење на моторот;

Стапи во контакт со нас