Издавање на полномоштво

Одобрението за управување на туѓо моторно возило се издава според единствениот унифициран и стандарден образец на AIT-Меѓународната туристичка алијанса и FIA-Меѓународната автомобилска федерација.

За издавање на ДТВ (Дозвола за управување со туѓо моторно возило / Меѓународно полномоштво) потребно е следново:

  • Задолжително присаство на давателот на полномоштвото и на примателот на полномоштвото;
  • Лична карта од сопственикот на возилото;
  • Сообраќајна книшка од возилото;
  • Пасош од примателот на меѓународното полномоштво;
  • За лица со привремен престој во РМ се издава меѓународно полномоштво во колку лицето има регулирано привремен престој кај надлежниот орган ( Уверение од секторот за странци од надлежниот орган на МВР);
  • Важноста на полномоштвото е 1 година;
  • Меѓународно полномоштво се издава на возачи за управување на возило од правно лице (фирма), врз основа на писмено барање од страна на овластено лице со потпис и печат;
  • Важноста на полномоштвото е 1 година, временскиот рок може да биде пократок во колку бара сопственикот на возилото;
  • Цената на чинење изнесува 499,00 денари;

НАПОМЕНА : ДТВ не може да се издава со полномоштво од нотар без присуство на давателот!!!

Стапи во контакт со нас