ПРОБНИ ТАБЛИЦИ И
ПОТВРДА ЗА ПРОБНО ВОЗЕЊЕ

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Согласно Законот за возила, пробни таблици служат за привремено користење на нерегистрирано возило или регистрирано возило кое од оправдани причини останало без регистарски таблици.

Издадените пробни таблици и потврда за пробно возење се користат за означување само на возилото за кое е поднесено барање за издавање пробни таблици и потврда за пробно возење. Издадените пробни таблици и потврда за пробно возење, сопственикот на возилото може да ги користи исклучиво за движење до места определени за технички преглед на возила, до надлежен орган за регистрација на возила, спроведување на царинска постапка, постапка за единечно одобрување на возила, преправка односно поправка, изложба, манифестација, односно продажба на возила, места за складирање или чување, како и за возила со кои се врши пробно возење. Пробните таблици се поставуваат од внатрешната страна на предното ветробранско и на задното стакло.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За увезено возило :
  • царинска декларација;
  • потврда од единечно одобрување или идентификација (хомологација);
  • полномошно;
  • купопродажен договор;
  • договор за дар;
  • лична карта (физичко лице);
  • тековна состојба (за правни лица);
  • полиса за осигурување со важност од 5 дена.
За MK возило:
  • доказ дека возилото е одјавено;
  • договор за купопродажба;
  • лична карта (физичко лице);
  • полиса за осигурување со важност од 5 дена.

РОК НА ВАЖЕЊЕ

Пробните таблици и потврдата за пробно возење се издаваат со рок на важност од 5 дена.

При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :

  • Фактура со која се докажува сопственоста
  • Полиса за осигурување
  • Хомологација
  • Лична карта на сопственикот, односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.
  • Административна такса 50,00 денари
Издавање пробни таблици за стари возила :

Кога возилото е со македонски регистарски таблици и е продадено на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во Р. Македонија, поднесителот на барањето треба да приложи :

  • Доказ дека возилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици)
  • Договор за купопродажба
  • Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице
  • Полиса
  • Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација
  • Административна такса 50,00 денари

Возила кое се купени од странски државјани од наши салони за продажба и истите да се изнесат од државата се издава пробна таблица за која се потребни следните документи :

  • Барање од салон кое го продава возилото
  • Фактура
  • Фотокопија од пасош на оној кој ќе управува со возилото
  • Хомологација
  • Полиса
  • Административна такса 50,00 денари

На возилата кои што се увезени, а неможат да се регистрираат во Р. Македонија и истите треба да ја напуштат државата, пробната таблица им се издава со приложување на следните документи :

  • Полиса
  • Број кој странката го добива на шалтерот на МВР
  • Пријавен лист бр. 4 или бр. 8
  • Хомологација
  • Купопродажен договор или фактура
  • Сообраќајна дозвола ( одјавена и вратени таблици )
  • Лична карта на сопственикот односно писмено барање за правно лице
  • Административна такса 50,00 денари