Во 1957 година група ентузијасти возачи од Кочани изразија желба да формираат организација која во тогашни услови ќе се грижеше за унапредувањето на превентивата и вршење обука во областа на сообраќајот.
Основна задача на новоформираната организација беше подигање на сообраќајно-техничката култура на повисоко ниво, и оквалификување на возачите.Во 1968 та година се започна со организирано вршење на технички прегледи во кругот на АТС во Кочани.
Таму се работеше во релативно добри услови се до 1978 г. кога започна да се гради нова современо опремена станица за технички преглед на моторни и приклучни возила.Станицата е пуштена во работа во 1981 година која благодарение на визијата на вработените и денес важи за еден од најсовремените објекти за вршење на технички преглед на моторни возила.Опремата за вршење на технички преглед постојано се усовршува и го прати техничко-технолошкиот развој на автомобилската индустрија..

ИСТОРИЈАТ

Кога пред 120 години се појави првиот автомобил, ретко кој можел да претпостави дека токму тој изум ќе значи пресврт во животот на поединецот, на семејството, на државите…

Преку ШЕЕСЕТ ГОДИНИ постоење и исто толку време активно делување во општеството. Не се многу организациите кои ја покажаа својата виталност, кои премостија два система и две столетија и кои со подеднаква одговорност продолжуваат да работат и денес, како и во времето кога се формираа. Тоа е потврда која не исполнува со задоволство, но, пред се, тоа е обврска, и натаму да се извршуваат бројните задачи подеднакво одговорно и квалитетно.

Во 1957 година група ентузијасти возачи од Кочани изразија желба да формираат организација која во тогашни услови ќе се грижеше за унапредувањето на превентивата и вршење обука во областа на сообраќајот.
Основна задача на новоформираната организација беше подигање на сообраќајно-техничката култура на повисоко ниво, и оквалификување на возачите.Во 1968 та година се започна со организирано вршење на технички прегледи во кругот на АТС во Кочани.
Таму се работеше во релативно добри услови се до 1978 г. кога започна да се гради нова современо опремена станица за технички преглед на моторни и приклучни возила.Станицата е пуштена во работа во 1981 година која благодарение на визијата на вработените и денес важи за еден од најсовремените објекти за вршење на технички преглед на моторни возила.Опремата за вршење на технички преглед постојано се усовршува и го прати техничко-технолошкиот развој на автомобилската индустрија..

Сојуз на здруженија на возачи на Македонија денес е здружение на граѓани – возачи и граѓани, настанато со здружување на здруженијата на возачи на градовите во РМ, заради остварување на своите интереси и заради вршење дејности и активности кои се стремат кон збогатување на сообраќајно техничкото образование, сообраќајната култура и безбедноста на сообраќајот.

МИСИЈА

Ние ја комбинираме технологијата и стручноста за да создадеме побезбедна иднина, преку испорака на ефективна и професионална услуга за корисниците на моторните возила и постигнување на општествена доверба и сигурност во квалитетот и интегритетот на услугата.

ВИЗИЈА

Се стремиме да бидеме уникатен и водечки модел на квалитетна услуга за корисниците на моторни возила.

ДВИЖЕЊЕ… БЕЗБЕДНОСТ… ТРАДИЦИЈА…

Стапи во контакт со нас